spot_img

Кисела Вода: Двонеделно генерално чистење

ОпштиниКисела Вода: Двонеделно генерално чистење

Најчитано

Генерално чистење и средување на сите месни и урбани заедници се одвиваше во изминатите две седмици во општина Кисела Вода. Во акцијата беа вклучени вкупно 60-на сезонски работници, два камиони, повеќе машински метларки, тримери, телескопски пили, пили и сите останати ресурси со кои располага општината.

Во сите петнаесет населби и месни заедници се метеа улиците, се кастреа гранки, се косеше нарасната тревна вегетација во парковите, на трим патеките и секаде каде што имаше потреба. Се собираше кабаст и комунален отпад.

 

Ваквите акции за подигнување на хигиената и обезбедување на животна средина која е пријатна и безбедна за сите жители на општина Кисела Вода, ќе продолжат да се одвиваат со несмален капацитет. Се надеваме дека и граѓаните преку своето совесно однесување, посебно во делот на правилното одложување на отпадот, ќе дадат свој придонес во креирањето на новиот лик на општината. Грижата за хигиената на јавниот простор треба и мора да биде заедничка одговорност.

 

 

 

 

Извор: Општина Кисела Вода

spot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе