spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМВР: Расчистено разбојништво во Куманово, кривична пријава и притвор против три лица

МВР: Расчистено разбојништво во Куманово, кривична пријава и притвор против три лица

На 22.07.2022 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за општ и насилен криминал во координација и соработка со СВР-ОКП Куманово, СВР Скопје, ЕВР Аеродром и Драчево и ЕВР Чаир, по преземени мерки и активности, расчистија кривично дело „разбојништво“ извршено на 23.02.2022 во Куманово, при што од едно лице биле одземени 3.745.000 денари во различни валути, а СВР Куманово против три лица поднесе кривична пријава по чл.237 од Кривичниот законик.

 

 

Имено, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело “разбојништво” до ОЈО Куманово е поднесена кривична пријава против М.Р.(25), С.Р.(28) и Ш.Р.(19), сите од с.Студеничани, скопско.

 

 

Притоа, во текот на активностите од страна на полициските службеници беа извршени претреси на четири локации во домовите на три лица, при што биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичното дело. Од страна на судија од Основен суд Куманово на пријавените лица им е одредена мерка притвор во времетраење од 30 дена.

 

 

 

 

Извор: Министерство за внатрешни работи 

Прочитајте

Кисела Вода: Домаќин на престижниот предизвик на FIRST LEGO League

0
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчера го отвори интернационалниот настан FIRST LEGO League Challenge, еден од најпрестижните STEM натпревари во светот, поддржан од УНЕСКО, кој престојува...