spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииЛевицаЛевица за Принцип.инфо: Кои се Левица и што се случува во Македонија?

Левица за Принцип.инфо: Кои се Левица и што се случува во Македонија?

Редакција на српскиот порталот Принцип имаше прилика да разговара со Реџеп Исмаил, член на Президиумот на Левица. Во прилог ви го пренесуваме интервјуто во целост, преземено од Принцип.инфо.

За нашите читатели кои не знаат, можете ли накратко да ја претставите Левица? Кои се вашите основни цели и принципи?

Левица е политичка партија во Република Македонија која настана од активисти кои претходно партиски неорганизирани се стремеа да извршат промени како коректив на властите. Тоа беа генерално активисти собрани одколу Движењето за социјална правда – ЛЕНКА (ДСП Ленка), со најразлични идеолошки позиции кои вклучуваа широк спектар од левичарската идејологија – од анархисти и демократски социјалисти до марксисти-ленинисти.

Политичка партија има една главна цел, а тоа е да дојде на власт, односно да добие политички легитимитет за управување со институциите на државата, преку кои ќе ги спроведе своите основни цели фундирани на нејзината идеологија и стратегија. Токму затоа и го напуштивме методот на делување преку непартиска организација, увидуваќи дека институциите и власта немаат слух, и решивме да формираме политичка партија, тргнуваќи од политички непретставената работничка класа и национално опресираниот македонски народ, решивме политички да се организираме и да дејствуваме преку партијата Левица.

Нашите основни платформски принципи се, социјалната правда, кон која ќе стремиме преку политики за радикална редистрибуција на богатството од богатите кон сиромашните и зајакнување на јавната, односно државната сопственост преку национализација на стратешките ресурси и индустриски капацитети, особено во делот на енергетиката, природните ресурси телекомуникациите и банкарскиот систем. Понатаму, левиот патриотизам е наш принцип и начело преку кое ќе го обединиме македонскиот народ под АСНОМ-ските вредности за успешно да се спротивстави и се ослободи од империјалистичките влијанија на колективниот Запад.

За каква Македонија и Балкан се борите?

Пред се за суверена и независна Република Македонија, која, според нас, во околности на империјалистичката наезда единсвено може да се постигне единсвено преку  промена на политичко-економскиот систем и воспоставување Нов социјализам со цел да се елиминира на сиромаштијата, корупцијата, неправдата, угнетувањето и експлоатацијата наметната од повеќедецениската диктатура на најголемиот општествен паразит – капиталот.

Што се однесува до Балканот, со цел народите од регионот да се заштитат од економската, политичката па и културната доминација на Западот,  пред се, потребно е негово инфраструктурно поврзување, но и интензивирање на економската соработка мимо евро-атлантските рамки. За почеток добро би било воспоставување на еден вид даночна унија на Балканот, која ќе има за цел да ги унифицира правилата за странски инвестиции во земјите од балканот, и конечно да го запре овој меѓусебен натпревар на балканските земји во трката кон дното – во тоа која земја ќе обезбеди подобри услови за размножување на странскиот капитал. Оваа соработка може да ги отвори и алтернативите мимо евро-атлантикот за инфраструктурното поврзување и други видови соработка на балканските земји.

Уште во текот на 2015 година застанавте на чело на протестите и од тогаш растевте. Што мислите дека имаше пресудно влијание врз јакнењето на вашето движење ? Кое ваше искуство би можеле да го усвојат останатите движења на Балканот, конкретно во Србија?

Да, точно е дека од формирањето на партијата нашата поддршка во народот расте. Имено, скоро, во меѓународните агенции за истражувањето на јавното мислење, Левица беше идентификувана како најбрзорастечка левичарска партија во европа. Според мене тоа се должи главно на две работи:

Прво, фактот што пред Левица да стане официјално политичка партија, теренот беше добро спреман преку активностите на ДСП „Ленка“, кое има своја историја на анти-империјалистички и анти естаблишментски активности. Токму тука се изградија идеолошките постулати на македонската левица а и се хомогенизираа и надминаа некои идеолошки разлики кои тежеа како инфантилни болести на левицата.

А другото што мислам дека имаше пресудно влијание беше тоа дека ние, претходно како движење, потоа и како партија, идеологијата не ја апстрахиравме од актуелните проблеми и прашања кои секојдневно го завземаа мејнстрим просторот по однос на општесвените збидувања. Трудеќи се идеолошки, автентично левичарски да ги артикулираме проблемите на секојдневието, и да останеме конзистентни во ставовите, влева доверба кај народот. Освен тоа, нашата интерпретација, нашиот проблем на политичко-економските прашања стана интересен за народот, образувачки, за разлика од мејстрим партиите и нивните медиуми кои ги вртат истите тези и најчесто имаат идентични погледи и вредности во нивните критики или заложби за одредена политика, без разлика дали се работи за партии кои се на власт или партии во опозицијата.

Во овој контекст, како нешто што исто така имаше голем импакт во нашата мејстримизација да кажам, е нашиот третман на националното прашање. Ние како Левица, успеавме да излеземе од стигмата создадена од онаа НГО и евро-атлантска (ние во Македонија ја викаме НАТОВ-ска) левица, која, додека евро-атлантскиот империјализам, на секаков начин ги тлачи балкансите народи, таа глуми некаков космополитизам каде дури, како во случајот со Македонија, го негира и основното право на национален идентитет, јазик и култура на цел еден народ.

Дали и во Македонија постои силно влијание на т.н. НВО левица, то ест про-империјалистичката “левица” која прима средства од атлантските фондации и ги промовира империјалистичките интереси како евроинтеграции, влез во Нато и противењето на учествувањето во мулти-поларен свет ( то ест, соработката со Русија и Кина ), скривајќи го со левата, често марксистичка реторика ? Како со нив излегувате на крај ?

Ако сметате дека владејачката партија на само-прокламираните социјал демократи, која учествуваше во демонтирање на социјалистичкиот систем на Македонија; која државниот имот и производни капацитети ги уништи и распродаде создаваќи шака олигарси како нејзини финансиер; партија која го смени името на државата само за да земјата влезе во воената алијанса НАТО; ако сметате дека една партија која од позиција на власт спроведува ултра неолиберални политики како што е приватизација на енергетскиот сектор и растурање на земјоделските задруги, партија која претпочита низок рамен данок на добивка, ако една таква партија сметате дека е левичарска, тогаш да, постои силно влијание на НГО-ата кои се блиски до таа партија.

Но, за читателите на Србија, би сакал да подвлечам дека онаа класична НГО левица која има единствена задача да ја дискредитира, маргинализира и целосно оцрни било каква автентична левичарска партија, таквата НГО-левица во Македонија скоро и да не постои, или постои некаде на маргините каде ги собира трошките на НГО елитата атачирана кон владејачката партија на СДСМ, и нејзината борба е веќе очајна да се гледа, затоа што се сведува на принципот „поголем католик од папата“, односно, таа е во борба за докажување лојалност кон атлантските структури со веќе етаблираната НГО мрежа на социјал демократите од СДСМ и екологистите од ДУИ, кои скоро од социјал демократи се ребрендираа во зелена партија (секако ова никој од јавноста на Македониај не го свати сериозно, помина со сарказам и шега).

Едноставно тоа го нема кај нас, ако го има нешто малку, тоа е толку на маргините што не ни стигнува до нас, а и обичниот народ не е заинтересиран за таквите схоластики, завжно е да се изнјада конкретните можности за соработка со земјите надвор од евро-атлантската рамка, и јавноста знае добро да пресуди.

Главна тема во медиумите се новите протести во Македонија. Можете ли да ни кажете која е нивната политичка позадина и кои се главните актери?

Протестите ги сметаме за легитимни и оправдани, затоа што одлуките на Власта немаат нималку поддршка надвор од албанското население во Македонија, чија јавност не се многу занимава со детали, туку само ги следи со пасивна поддршка претставниците на нивните политички партии.

Кој е вашиот став по повод протестите и кој ви е најголемиот успех на тоа поле до сега?

Немаме некој посебен успех кога се однесува конкретно на овие протести за Протоколот за пристап со ЕУ, а не сме ни целеле да имаме некаков успех како партија, но протестите беа успешни од аспект што ја разбија Владината пропаганда и лицемерие околу нивната транспаретност во преговарачкиот процес – вредно е да се забележи дека пратениците во Парламетот гласаа за Предлог протоколот кој, замислете, го немаше во материјалите за седницата, односно Владата не го објави се до неговото потпишување, што се случи неколку дена после одлуката на парламентот.

Дали ја гледате Македонија во ЕУ или имате алтернатива?

Засега очигледно не може да се види Македонија во ЕУ, најоптимистично сценарио е после 15 години, но под овие услови, тоа нема да биде Македонија туку територија под бугарски протекторат.

Алтернативата ја гледаме во иницијативи за продлабочувањето на економскиот интегративен процес меѓу балканските земји кои се надвор од ЕУ, т.н. Отворен Балкан. Потоа, ваквата регионална творба ќе има многу подобра можност за да се поврзе и соработува со иницијативите кои се отвораат како резултат на условите кои ги создава новиот мултиполарен свет.

Членството во ЕУ, секако, повлекува и членство во НАТО. Во контекст на конфликтот во Украина, дали сметате дека НАТО може да биде гарант на мирот и суверенитетот на Македонија или е прото збор, спротивно, ризик за суверенитетот и безбедноста на државата ( и регионот )?

Не се согласувам дека членството во ЕУ подразбира и членство во НАТО, барем тоа не е формален услов, и имаме такви примери на земји бадвор од НАТО пактот но членки на ЕУ. Но, неисе, токму во контекст на судирот во Украина се покажува дека НАТО не само што не може да биде гарант на мирот, туку НАТО го создава конлфиктот. Во Македонија се случува сличен процес, поради притисокот на НАТО, македонските власти спроведуваат политики кои се на диркетна штета и омаловажувачки кон македонците, и во сето тоа како алатка ги користат албанските партии, што создава тензија на меѓуетничка омраза.

Про-западната левица , Русија и Кина или ги смета за непријатели, или пак ги изедначува со Западот сметајќи дека сите империјализми се исти ? По прашање на мултиполарноста, каков е вашиот став спрема нив?

Ако под политичка позадина мислите на политичка партија, тоа го нема, ние како Левица уште во самата иницијатива за протест учествувавме директно но без наметнување, немавме воопшто партиски симболи на протестот, затоа што револтираниот македонски народ сам и спонтано се собираше на протестите. Главни актери може да се каже дека беа личности од јавниот живот, како натпартиски луѓе од различни свери на јавниот живот: култура, спорт музика, наука и слично.

Реџеп Исмаил

Прозападната левица је толку маргинална работа што една автентична левица од било која држава на балканот не вреди да се занимава со тие „дебати“. Сведоци сме дури и како истакнати владеачки структури од срцевината на Европа (пример Макрон) упатуваат повик до НАТО да Русија и Кина не ги сметаат за непријатели!

Во оваа насока е и нашиот став, особено за Русија, сметаме дека не треба да ја следиме Унијата во нејзиното непријателство со Русија, соработката сор Русија треба да биде во рамките на заедничкиот интерес, како што многу земји тоа го прават, на пример Србија па и Унгарија, иако е членка на ЕУ. Што се ондесува до Народна Република Кина, ни ја сметаме како рол-модел и предводник на социјалистичките партии ширум светот. Од Кина може само да се учи за тоа како социјализмот може да биде предизвикувачки конкурент на западниот нео-либерализам.

За крај, што сметате, како српскиот народ би можел да го помогне вашето движење, борба и протести со цел градење заеднички отпор?

Прво, никако да не дозволи Србија да постане дел од НАТО пактот! А понатаму, да ги развива односите со земјите надвор од евро-атлантикот па кога и останатите земји од регионот се ослободат од окупацијата на НАТО да можат полесно и поефикасно да се приклучат на веќе спремениот терен за соработка од страна на Србија.

 

 

 

 

Извор: ЛЕВИЦА

Прочитајте

Мицкоски: Потпишан е договор со ДМ БАУ Интернационал за нова инвестиција...

0
Почитувани, Денес потпишуваме договор за нова инвестиција во државава. Договорот за државна помош кој се потпишува денес предвидува инвестиција од најмалку 7 милиони евра во следните...