spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Објавени наградите за институциите на јавната администрација од Западен Балкан(PA Award...

МИОА: Објавени наградите за институциите на јавната администрација од Западен Балкан(PA Award 2022)

Проектот ,,Централен регистар за население“ на Министерството за информатичко општество и администрација е награден со специјално признание за Back-end Enabler за дигитална трансформација и зголемена приспособливост на натпреварот под мотото „Подобри јавни услуги за подобар живот на граѓаните“, организиран од ReSPA заедно со OECD/SIGMA.

,,Централен регистар за население“, е една од седумте иницијативи наградени со специјално признание.

 

 

Церемонијата за доделување на PA Award 2022 ќе се одржи во рамките на министерската конференција за РЈА која ќе се одржи во Скопје, Северна Македонија на 15 септември. Дијалогот со тројцата победници и иницијативите наградени со специјално признание ќе се одржи на 16 септември.

Станува збор за единствен систем на награди инициран од ReSPA и OECD/SIGMA, со цел да ги зајакне иницијативите за управување и да го поддржи воспоставувањето силни системи на јавно управување во регионот на Западен Балкан.

 

 

Извор: Министерство за  информатичко општество и администрација 

Прочитајте

Мицкоски: За краток период како Влада покажавме дека наша визија е...

0
Почитувани присутни,  Дами и господа, Денес имам чест и одговорност да зборувам за еден од најважните столбови на нашата демократија – локалната самоуправа. Таа претставува основа...