Министерот за информатичко општество и администрација (МИОА), Адмирим Алити се сретна со амбасадорот на Франција во Република Северна Македонија, неговата екселенција, Сирил Бомгартнер.
Важноста на соработката, актуелните состојби и предизвици како и добрите билатерални односи меѓу двете земји беа темите на кои разговара соговорниците.
Алити му се заблагодари на амбасадорот за неговата посета и го информираше за нашите напори во развојот на професионална администрација, која ќе ги исполнува европските стандарди и вредности како и проектите во дигитализацијата на администрацијата, да понудиме најквалитетни услуги со цел им го олесни животот на граѓаните.
Исто така, Алити, им се благодари за поддршката на Франција во контекст на процесите и заложбите за интеграција во Европската унија.
Двајцата соговорници се согласија да се сретнат и во иднина со цел продлабочување на соработката.