spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Поддршката од Франција во евроинтеграцијата на Северна Македонија е добродојдена

МИОА: Поддршката од Франција во евроинтеграцијата на Северна Македонија е добродојдена

Министерот за информатичко општество и администрација (МИОА), Адмирим Алити се сретна со амбасадорот на Франција во Република Северна Македонија, неговата екселенција, Сирил Бомгартнер.
Важноста на соработката, актуелните состојби и предизвици како и добрите билатерални односи меѓу двете земји беа темите на кои разговара соговорниците.
Алити му се заблагодари на амбасадорот за неговата посета и го информираше за нашите напори во развојот на професионална администрација, која ќе ги исполнува европските стандарди и вредности како и проектите во дигитализацијата на администрацијата, да понудиме најквалитетни услуги со цел им го олесни животот на граѓаните.
Исто така, Алити, им се благодари за поддршката на Франција во контекст на процесите и заложбите за интеграција во Европската унија.
Двајцата соговорници се согласија да се сретнат и во иднина со цел продлабочување на соработката.

Прочитајте

Кисела Вода: Домаќин на престижниот предизвик на FIRST LEGO League

0
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчера го отвори интернационалниот настан FIRST LEGO League Challenge, еден од најпрестижните STEM натпревари во светот, поддржан од УНЕСКО, кој престојува...