spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСиндикатиСАДУГодишен состанок на мрежата на млади при EPSU

Годишен состанок на мрежата на млади при EPSU

Во периодот од 14ти до 17ти Јуни 2022 претставник на Синдикатот на администрација и државната управа на Македонија – САДУ присуствуваше на „EPSU Youth Meeting“ кој што се одржа во Тирана, Албанија.

 

На настанот присуствуваа млади, членови на синдикатите од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Бугарија Норвешка, Литванија, Шведска, Австрија, Албанија, Косово, Германија, Романија, Турција, Шпанија, Италија, Малта, Ерменија. Настанот го отвори Генералниот Секретар на ЕПСУ Јан Вилем Гоурдиан (Jan Willem Goudriaan) кој што ги поздрави присутните учесници. За време на настанот се презентираа структурата и работата на EPSY, PSI, ETUC а посебно вклученоста на младите во работата на овие три организации.

 

Како дел од настанот имаше и практична работа и работа на случај, каде што учесници преку работа во групи работеа на теми од областа на колективното преговарање и колективни договори како и дигитализација. Како дел од настанот беше и обновување и избор на нови членови на EPSU Youth Steering group, нови претставници во EPSU Youth во PSI и претставници на EPSU Youth во EPSU Executive Committee.

 

 

За време на целиот настан се споделија различни искуства за начинот на функционирање на синдикатите од каде што имаше претставници а посебно начинот на работа на младите во синдикатите.

 

 

 

Извор: САДУ

Прочитајте