spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаПреговорите се започнати, Португалија е подготвена да обезбеди и политичка и техничка...

Преговорите се започнати, Португалија е подготвена да обезбеди и политичка и техничка поддршка во евроинтеграцискиот процес

 

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска имаше билатерална средба со министерот за надворешни работи на Португалија, Жоао Гомес Кравињо, кој е во дводневна официјална посета на нашата земја.

На средбата премиерот Ковачевски и министерот Кравињо уште еднаш ја потврдија успешната билатерална соработка помеѓу Република Северна Македонија и Португалија и разговараа за можностите за интензивирање и унапредување на економската билатерална и мултилатерална соработка, во контекст на постојната економска и енергетска криза со која се соочува светот.

Министерот за надворешни работи на Португалија изрази искрени честитки за отворањето на преговорите за полноправно членство на Република Северна Македонија во ЕУ посочувајќи дека за оваа одлука беа потребни и политичка и државничка храброст. Кравињо го информираше премиерот Ковачевски дека Португалија е подготвена да обезбеди и политичка и техничка поддршка, во континуитет во текот на целиот евроинтеграциски процес.

На средбата со португалскиот министер за надворешни работи присуствуваше и вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска.

Според агендата министерот за надворешни работи на Португалија Кравињо, во рамките на официјалната посета имаше одделни средби со министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Бујар Османи, со заменикот на претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ, а средба е предвидена и со претседателот на државата Стево Пендаровски.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Кисела Вода: Домаќин на престижниот предизвик на FIRST LEGO League

0
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчера го отвори интернационалниот настан FIRST LEGO League Challenge, еден од најпрестижните STEM натпревари во светот, поддржан од УНЕСКО, кој престојува...