spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Во тек е етапната исплата на јулските пензии

МТСП: Во тек е етапната исплата на јулските пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 27. 07.2022 година (среда) започнува етапната исплата на јулските пензии, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

  • За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 27.07.2022 година (среда);
  • За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 28.07.2022 година (четврток);
  • За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 29.07.2022 година (петок), и
  • За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.08.2022 година (понеделник).

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 27 јули (среда). Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

Министерството за труд и социјална политика укажува дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците, пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми. Апелираме до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред и во банките со цел заштита на личното и јавното здравје.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Илинден: Асфалтирање на локалниот пат Кадино – Мралино

0
Општина Илинден интензивно работи на подобрување на патната инфраструктура. Во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта извршено...