Градоначалникот Пекевски, во својот кабинет оствари средба со Пратеничката во Парламентот на Република Словенија, Сандра Газинковски.
На средбата стана збор за соработката меѓу општина Берово и општини во Република Словенија, на повеќе полиња, како и за културната размена меѓу општините и остварување на соработка, со цел подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.
Градоначалникот упати честитки за изборот, посакувајќи и успешна работа и изрази надеж за остварување на соработка и реализација на успешни проекти.
Ја користам оваа можност, да ви се заблагодарам за Вашата посета. За нас како општина е голема чест што сте наши гости и воедно можност за воспоставување на успешна соработка, од која бенефит ќе имаат секако граѓаните.
Пратеничката Газинковски истакна дека ќе направи се што е можно за Берово да добие поддршка од Словенија и дека особено ќе и биде задоволство реализацијата на заеднички проект, кој ќе значи за жителите на Берово. Сметам дека имаме потенцијал, преку кој ќе може да се унапредува нашето меѓусебно разбирање и градење на подобри врски, подобра инфраструктура и поврзување на граѓаните на различни начини.
На средбата е потенцирано дека добрите односи помеѓу нашата општина и Република Словенија се одразуваат позитивно, посебно што во словенскиот Парламент има пратеник со малешевско потекло, кој има можност отворено да укажува за потребите на жителите на Општина Берово.
Извор: Општина Берово