spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБитола: Реконструкција на коловоз на улицата 7-ми јули

Битола: Реконструкција на коловоз на улицата 7-ми јули

Продолжуваат градежните работи во општина Битола.

Градоначалникот Тони Коњановски, изврши увид на почетокот на работните активности на улицита 7 ми јули, каде што во моментот се врши отстранување на стариот асфалт, по што ќе следува асфалтирање.

Проектот за реконструкција на коловоз на улицата 7 ми јули, се реализира во должина од 322 метри, со вкупна вредност од 5.865.518 денари.

Од почетокот на градежната сезона, во Битола асфалтирани се 11 улици, а работните активности се во тек на 7 улици.

За оваа градежна сезона, според програмата на градоначалникот Тони Коњановски, предвидена е реконструкција, рехабилитација и изградба на 23 улици во Битола.

Извор: Општина Битола

Прочитајте

Ѓорче Петров: 40.000 садници засадени за зелена општина

0
Општина Ѓорче Петров спроведе масовна акција за пошумување во атарот на село Кучково, со која се опфатени опожарените површини од пред неколку години....