spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Собранието едногласно ја утврди потребата по скратена постапка да се донесат...

МП: Собранието едногласно ја утврди потребата по скратена постапка да се донесат законите со кои се зголемуваат платите за вработените

Собранието едногласно ја утврди потребата по скратена постапка да се донесат законите со кои се зголемуваат платите за вработените во судската и јавнообвинителската дејност и затворската полиција.

Со Законите за изменување на законот за судска служба и за јавнообивинителска служба вработените ќе зимаат повисока плата за 15%. Со Законот за изменување на Законот за судска служба се постигнува еднаквост на вработените во приватниот и јавниот сектор, служба како негов дел, со најниските примања преку воспоставување на ист износ на законска минимална плата и скалесто усогласување на останатите плати на судските службеници од сите нивоа, како и обезбедување на континуитет на промените на платите во судската администрација во однос на минималната плата на национално ниво, како долгорочна цел.
Законот за изменување на законот за јавнообвинителска служба има за цел воспоставување на ист износ на законска минимална плата и скалесто усогласување на останатите плати на јавно обвинителските службеници од сите нивоа, како и обезбедување на континуитет на промените на платите во јавно обвинителската администрација во однос на минималната плата на национално ниво.
Законот за изменување на законот за извршување на санкции овозможува да се постигне еднаквост во најниските примања на затворската полиција преку воспоставување на ист износ на законска минимална плата.

Прочитајте

Заменик претседателот Фетаи ја претставуваше Владата на на Регионалната конференција „GovTech“...

0
Заменик-претседателот Арбен Фетаи денеска учествуваше на регионалната конференција „GovTech“ во Тирана, покрај Премиерот на Република Албанија, г. Еди Рама и други претставници од земјите...