Одлука за зголемување на платите на вработните во јавниот сектор за 18,4 %, да не прави дискриминација на своите вработени со паушални зголемувања од 2,3,5,10 или 15%

СиндикатиОдлука за зголемување на платите на вработните во јавниот сектор за 18,4...

Најчитано

Владата на седница веднаш да донесе Одлука за зголемување на платите на вработните во јавниот сектор за 18,4 % согласно усогласувањето утврдено во Законот и да не прави дискриминација на своите вработени со паушални зголемувања од 2,3,5,10 или 15% со што прави обид да го минира генералниот штрајк, а прави уште поголем револт кај вработените.

Владата води погрешна политика мислејќи дека креира политики со кои се справува со кризата, а податоците го покажуваат спротивното односно покажуваат дека разликата меѓу просечната нето-плата и синдикалната кошница во 2022 година е 7.384 денари, односно толку пари недостигаат за да може минимум нормално да живеее едно четиричлено семејство со просечна плата, ако има само еден вработен. Лани, односно во 2021 година таа разлика изнесувала многу помалку и била 5.436 денари, во 2020 година изнесувала 6.925 денари, во 2019 година 7.816 денари, а од друга страна и влијанието на порастот на цените и порастот на животните трошоци, растот на инфлацијата која од месец за месец е се поголема и за месец јуни изнесува 14,5%, влијае врз намалувањето реалната вредност на работничките приходи, исто така и на куповната моќ на работниците што доведува до осиромашување на целокупното население што е една од најголемите причинители што ги обесхрабува и демотивира работниците.

Ја потсетуваме Владата, Локалните самоуправи и газдите од приватниот сектор дека Кривичниот законик се применува за сите без исклучок и предвидува дека тој што свесно не се придржува кон закон, друг пропис или колективен договор, за засновање или престанок на работниот однос, за платата и надоместоците на платата, работно време, одморот или отсуството, заштитата на жената, младината и инвалидите или за забрана на прекувремената или ноќната работа и со тоа повреди, одземе или ограничи право што на работникот му припаѓа, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.

За тоа до септември како што вели законот, платите и во јавниот и во приватниот сектор треба да се успогласат за 18,4%, а ССМ бара, се бори и е одлучен до крај да истрае во за работниците да добијат достоинствени плати утврдени согласно Законите и колективните договори кои мора да се спроведуваат и покрај сите притисоци.

 

 

 

 

Извор: Сојуз на синдикати на Македонија 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе