spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваРаботна група ќе ги утврдува сите аномалии на Законот за извршување на...

Работна група ќе ги утврдува сите аномалии на Законот за извршување на санкции

Со цел да се надминат сите состојби кои се однесуваат на т.н „затворски туризам” односно начинот на упатување на осудените лица на казна затвор како и други проблеми и решенија кои се во насока на усогласување на Законот за извршување на санкциите со меѓународните стандарди од областа на извршувањето на санкциите, Министерот за правда со решение уште од 16.06.2022 година формира работна група задолжена да работи на измени и дополнувања на Законот за извршување на санкциите.

Работната група започна со својата работа на 07.07.2022 година а на состанокот беа разгледани повеќе предлози доставени од надлежни институции.

Беше утврдена и динамиката на работа на работната група а се дадоа и задолженија со цел обезбедување на податоци кои ќе бидат неопходни на работењето за следниот состанок.

Доставени се барања до сите основни судови и судови со проширена надлежност на Република Северна Македонија со цел да дадат свои конкретни предлози во однос на примената на Законот за извршување на санкциите, примената на институтот условен отпуст на осудени лица, прекин на казна на осудени лица и др.

Во моментов стручните служби на Министертсвото за правда и Управата за извршување на санкциите работат на прибирање и обработка на овие податоци.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

МЗ: Демири и Манолева – Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба...

0
Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот...