spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваИнвестициите во здравството значат мотивирани здравствени работници и задоволни граѓани

Инвестициите во здравството значат мотивирани здравствени работници и задоволни граѓани

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, заедно со министерот за здравство Беким Сали и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, го отворија реновираниот Хируршки ургентен центар во Скопје.

Заедно со директорот на ЈЗУ УК ТОАРИЛУЦ Александар Трајановски, ја потенцираа важноста од инвестициите во осовременување на здравствените установи во земјава, се со цел подобри услуги за граѓаните. Станува збор за целосна реконструкција на 400 метри квадратни на Хируршки ургентен центар за што се одвоени 8 милиони денари буџетски средства и средства од донации.

Вицепремиерката Грковска истакна дека инвестиции во јавното здравство значат мотивирани здравствени работници, но и задоволни граѓани.

„Добриот начин на управување, стратешкиот пристап даваат добри и видливи резултати. Создаваат услови за квалитетни услуги на граѓаните што мора да биде најголем приоритет за сите носители на јавни функции. Со оваа и со сите претходни инвестиции создадена е обновена, модерна и пред се високопрофесионална Клиника, која продолжува да се развива по сите светски стандарди во најдобрите традиции на професионализмот, знаењето и стручноста. Со овие вложувања Владата ја искажува  својата цврста решеност  да продолжи да инвестира во здравствениот систем, што подразбира поквалитетен живот и подолг животен век на секој граѓанин.

Вложуваме и во човечкиот капитал, се внесуваат современи методи за интервенции, вложуваме во набавка на лекови, капитални инвестиции, опрема, со еден збор правиме крупни реформи во здравството. За две години, дадени се повеќе од 5.000 согласности за вработувања во јавното здравство. Во услови на пандемија реализирани се 446 нови вработувања во јавното здравство и тоа 164 доктори, 247 медицински сестри и 35 специјалисти добија статус на вработени на неопределено време. Тоа овозможи за најмалку 10 проценти  зголемување на капацитетот со човечки капитал во секоја јавно-здравствена установа, а во изминатиот период имаме и рекорден пораст на платите“, рече Грковска.

Министерот Сали истакна дека за првпат после 30 години  комплетното се реновираат просториите на хируршки ургентен центар, а реализирана е и набавка на медицински инвентар и опрема за центарот.

„Со ваквите настани одбележуваме унапредување на условите за третман на пациентите кои се посебно значајни за мене како министер за здравство, но и како пациент земајќи предвид дека речиси секој од нас се нашол во ситуација да побара здравствена услуга, тука на Ургентниот центар. Фактот дека во оваа установа имаме комплетна реконструкција на простор на површина од 400 метри квадратни е показател за успешното менаџирање на оваа Клиника, чие раководство и во сензитивни услови на пандемија, успева значително да ги унапреди условите за третман на пациентите и да ја промени сликата и првиот впечаток кој го стекнуваат пациентите при барањето на медицинска помош тука во Ургентниот центар. Конкретно, реновиран е делот во кој се сместени приемното одделение, собата за реанимација, собата за тријажа, операционата сала, асептичната соба, помошните простории и санитарни чворови. За оваа цел се издвоени  осум милиони денари буџетски средства и средства од донации“, рече Сали.

Директорот на ЈЗУ УК ТОАРИЛУЦ Трајановски, во својата изјава за медиумите истакна дека се работи за комплетна реконструкција на  простор за прв пат после 30 години со површина од 400 метри квадратни.

„По целосната реконструкцијата на Клиниката за Ортопедски болести ова е уште еден проект во ЈЗУ УК ТОАРИЛУЦ Скопје кој ја измени комплетно сликата на оваа здравствена установа и ќе понуди нов квалитет на услугите за пациентите кои овде се лекуваат. Во состав на Ургентниот центар  има апарат за  компјутерска томографија и РГТ апарат, со што пациентите добиваат целосна дијагностика по приемот во болницата. Ургентниот хируршки центар е најголема здравствена установа во земјава која пружа ваков тип на медицински услуги. Годишно 35.000 пациенти се примаат во Ургентниот центар од цела територија на Северна  Македонија. Дел од нив се згрижуваат во Ургентниот центар каде им се пружа неопходната медицинска помош, а дел се згрижуваат на останатите клиники за понатамошен третман“, рече Трајановски и најави идни уште поголеми и успешни проекти пред се во интерес на пациентите и здравствената услуга која што тие ја добиваат.

На настанот беа доделени и благодарници на УНХЦР, Црвениот крст, како и на една приватна општествено одговорна компанија, кои го поддржаа реновирањето на Ургентниот – хируршки центар.

 

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Македонски Брод: Реконструкција на улицата “Васко Карангелески” и “Илинденска”

0
Активностите за реконструкција на улица “Васко Карангелески” и улица “Илинденска”, кои се наоѓаат во централното подрачје на градот, се во завршна фаза.     ...