Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари го прими градоначалникот на општина Кутахја од Република Турција, Алим Ишик.
Целта на средбата беше збратимување на општините како и соработка со оваа општина со развиена индустрија во сферата на производството на стакло и порцелан, од каде што општина Гостивар ќе направи напори стопанствениците од таму да го донесат својот капитал и да инвестираат во Гостивар.
Гостите беа примени од градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари и неговиот кабинет, а посетија повеќе места во Гостивар, како и местото каде што врз основа на потпишаниот Меморандум, општина Кутахја, Гостивар гради летоно кино, фантастичен и неопходен проект за развој на културата на граѓаните.
Соработката предвидува и одржување на заеднички средби, семинари, средби, културно-спортски манифестации и меѓусебни посети најмалку еднаш годишно.
Извор: Општина Гостивар