На ден 26. 07. 2022 година од страна на членот на Совет на Левица, Тодоров, поднесена е Иницијатива за формирање на Комисија за утврдување на материјална штета настаната од пожарот кој го зафати с.Ѓавато и м.в Погана.
Оваа комисија треба да изврши увид за причинета материјална штета на приватните имоти на граѓаните во с. Ѓавато како и да изврши проценка во соработка со Јавното претпријатие за стопанисување со државни шуми ,,Македонски шуми ” , колкава штета е предизвикана на растителниот и животински свет.
Истата комисија да изготви предлог- одлука заедно со градоначалникот за целосно обештетување на граѓаните.
Извор: ЛЕВИЦА