spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКочани: Се врши замена на старите сливни решетки на атмосферската канализација

Кочани: Се врши замена на старите сливни решетки на атмосферската канализација

Почнувајќи од денеска, па се до вторник ќе се врши замена на старите дотраени сливни решетки на атмосферска канализација на улицата „Страшо Ербапче“ и дел од улицата „Димитар Влахов“.

Ќе бидат заменети вкупно четири сливни решетки, изработени од моноблок полимер бетон, лиени, со цврста конструкција, со што нема можност за надворешни оштетувања од возилата.

Во тек се и градежните активности на новиот кружен тек на улица „Димитар Влахов“ кај Вел-Јан, а деновиве се доуредува и Градскиот Парк, се прередува коцката на мостот на ниво со целата поплочена површина во паркот.

Истовремено се замолуваат медиумите пред објавување на секоја информација, истата да биде проверена за да не би дошло до дезинформирање на јавноста.

Извор: Општина Кочани

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...