АФПЗРР: Соопштение

Најчитано

До 31- ви август сите оризопроизводители кои во производната 2021 година имале засеани површини со ориз и за истите оствариле право на финансиска поддршка ќе можат да аплицираат за добивање на дополнителна финансиска поддршка за оризовата арпа која ја предале во регистрирани капацитети за откуп во период од 16 декември 2021 година до 30 јуни 2022 година.

Висината на дополнителната финансиска поддршка е 3 денари по килограм.

Исто така од денеска до 31- ви август сите производители на јаболко кои во 2021 година оствариле право на финансиска поддршка за одржување на површини со јаболко ќе можат да аплицираат за добивање на дополнителна финансиска поддршка за продадени јаболка во регистрирани преработувачки капацитети или кај регистрирани откупувачи во период од 16 декември 2021 година до 30 јуни 2022 година.

Висината на дополнителната финансиска поддршка е 3 денари по килограм.

Сите земјоделци кои ги исполнуваат условите за добивање на оваа поддршка ќе може да аплицираат електронски, и во барањето треба да прикачат потврда за предадена оризова арпа или предадено јаболко.

Оние земјоделци кои не можат сами електронски да се пријават за добивање на финансиската поддршка ќе можат да се обратат за помош во подрачните единици на МЗШВ.

 

 

 

Избор: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе