НАЕОП: Јавен повик за изразување интерес за Креатори на содржини за ЕПАЛЕ

Самостојни органиСамостојни државни органиНАЕОП: Јавен повик за изразување интерес за Креатори на содржини за ЕПАЛЕ

Најчитано

Врз основа на Решение бр 25-943/2 од 29.07.2022 година, ЕПАЛЕ Националниот сервис за поддршка (ЕПАЛЕ НСП) на Република Северна Македонија објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

за изразување интерес за Креатори на содржини за ЕПАЛЕ

 

За ЕПАЛЕ

 

Содржина на ЕПАЛЕ

За потребите на ЕПАЛЕ, НСП ќе ја надополни базата на лица кои се заинтересирани за креирање содржини во форма на ЕПАЛЕ блогови.

На Повикот можат да се пријават физички лица кои активно се занимаваат со образование на возрасни од Република Северна Македонија: студенти, истражувачи, преставници на НВО, провајери за образование на возрасни, мрежи и институции. Истите треба да имаат активен ЕПАЛЕ профил, соодветни јазични и ИКТ вештини, како и да бидат вклучени во меѓународни мрежи и проекти во областа на образованието за возрасни. Кандидатите во рамките на пријавата задолжително треба да потенцираат во кое поле од образованието за возрасни сметаат дека имаат најголема експертиза.

НСП ќе обезбеди поддршка на избраните кандидати и ќе го следи нивното работење. Креаторите на содржини имаат право на симболичен надомест за својата работа, по завршување на истата. Креаторите на содржини ќе бидат избрани за 2022/23 година, со можност за продолжување во 2024 година. Повикот ќе биде отворен до исполнување на потребниот број прикачени содржини или до исцрпување на буџетот за оваа намена, но најдоцна до крајот на 2024 година.

 

Начин на пријавување

Ве молиме испратете мотивациско писмо заедно со ваша кратка биографија во ЕВРОПАС формат (на македонски или англиски јазик) на epale@na.org.mkсо назнака: за Повик за креатори на содржини. Во рамките на мотивациското писмо задолжително наведете во која област од образованието за возрасни сметате дека можете да дадете најголем придонес. 

ЕПАЛЕ Национален сервис за поддршка

EPALE National Suport Service

Национална агенција за европски програми и мобилност

National Agency for European Educational Programmes and Mobility

epale@na.org.mk

++389 2 3109 045

Facebook: EPALE North Macedonia

„Кузман Јосифовски-Питу“ бр.17, Скопје

“Kuzman Josifovski Pitu” nr. 17 Skopje

Република Северна Македонија

Republic of North Macedonia

 

 

Извор: Национална агенција за европски образовни програми и мобилност 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе