spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиОргани во составУЈП: Напредниот скенер од МојДДВ е достапен

УЈП: Напредниот скенер од МојДДВ е достапен

Управата за јавни приходи, ги информира корисниците на апликацијата МојДДВ, дека може да се вратат на напредниот скенер на скенирање на фискални сметки. Прилагодената верзија на Мој ДДВ е веќе достапна на Apple appstore, додека Android верзијата е достапна на Huawei app Gallery а за Playstore се очекува во најбрзо време одобрување од страна на Google.

Корисниците на апликацијата МојДДВ ќе треба првин да направат ажурирање (update) на апликацијата на apple Appstore/Huawei gallery, а потоа да се најават во апликацијата во делот „Профил„ во прозорчето „Тип на баркод скенер“ наместо, „основен“ повторно да одберат „напреден“.

МојДДВ е мерка за граѓаните и средствата од таа мерка се враќаат кај граѓаните. УЈП, веќе ја почна исплатата на средства за корисниците кои скенирале фискални сметки во второто тромесечје, односно, во месеците април, мај, јуни 2022 година, и по тој основ на сметките ќе бидат исплатени 550 милиони денари, како поврат од МојДДВ.

 

 

 

Извор: Управа за јавни приходи

Прочитајте

Гевгелија: Акција за чистење на одводните канали во градот и населените...

0
Во тек е акцијата за чистење на одводните канали во градот и населените места. По изборот на економски оператор, се чистат одводните канали и...