spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Направена промена во веб алатката „балансер“ согласно резултатите од спроведениот попис...

МИОА: Направена промена во веб алатката „балансер“ согласно резултатите од спроведениот попис во 2021 година

Законот за вработените во јавниот сектор, кој започна со примена во 2015 година, предвидува механизам за постигнување на уставното начело за соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците, на ниво на секоја од институциите во јавниот сектор, а врз основа на потребите на самите институции изразени преку Годишни планови за вработување.

Во 2016 година беше донесена Методологијата за планирање на вработувањата во јавниот сектор, согласно која секоја институција ќе мора да изготви годишен план за вработување и согласно годишниот план да ги спроведува постапките за вработување. Изработена е веб алатка достапна на веб локацијата https://balancer.mioa.gov.mk/ преку која електронски се врши распределбата на планираните нови вработувања, согласно соодветната и правична застапеност.

Во Законот за вработените во јавниот сектор е утврдено дека планот за вработување се изготвува на ниво на институција и содржи:
– точни податоци за состојбата на пополнетост на работните места во институцијата,
– податоци за планирани пензионирања и податоци за други планирани движења на вработените (мобилност во рамките на институцијата и/или јавниот сектор, унапредувања и друго) и
– план за распределба на бројот на нови вработувања во следната година по припадност на заедница.

Во институциите на јавниот сектор кои се основани од страна на централната власт а кои дејноста, односно надлежноста ја вршат на централно ниво и/или преку подрачните единици или други организациски единици на локално ниво, како основ за распределба на бројот на планираните нови вработувања по припадност на заедница, се земаат податоците од последно спроведениот попис на населението на Република Македонија за територијата на цела Република Македонија.

Во институциите на јавниот сектор кои се основани од страна на централната или локалната власт, а кои дејноста, односно надлежноста ја вршат на локално или регионално ниво, како основ за распределба на бројот на планираните нови вработувања по припадност на заедница, се земаат податоците од последно спроведениот попис на населението на Република Македонија за единицата на локалната самоуправа во која е сместена таа институција.

Согласно Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија 2021 година, во периодот од 5 до 30 септември 2021 година се спроведе пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, а резултатите од истиот беа јавно презентирани во март оваа година.

Имајќи ја во предвид поврзаноста на резултатите од спроведениот попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија 2021 година со одредбите од Законот за вработените во јавниот сектор, Министерството за информатичко општество и администрација Ве известува дека е направена промена во веб алатката „балансер“ согласно резултатите од спроведениот попис во 2021 година.

При подготовка на Годишните планови и електронската распределба на бројот на планираните нови вработувања по припадност на заедница за 2022 година, како основ ќе бидат земени податоците од последно спроведениот попис на населението на Република Северна Македонија за територијата на цела Република Северна Македонија за институциите кои се основани од страна на централната власт, односно податоците од последниот спроведен попис на населението на Република Северна Македонија за единиците на локалната самоуправа во која е сместена таа институција.

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте

МЗШВ: Ќе биде исплатена финансиска поддршка за произведена и предадена слива...

0
Денеска исплатата кон земјоделците продолжи. Ќе бидат исплатени корисниците од мерка 1.4 произведена и продадена слива од Програмата за Интервентен фонд за 2024 година. Исплатата ќе...