spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниРесен: Јавен повик за пријавување штети од град

Ресен: Јавен повик за пријавување штети од град

Општина Ресен ги повикува граѓаните кои имаат материјални штети на земјоделски насади од врнежите од град  кои се случија на ден 28.07.2022 година, да ги пријават во просториите на Општина Ресен.

  1. Барањето за пријавување на штета на земјоделските насади се добива во Општина Ресен или на веб страницата на Општина Ресен www.resen.gov.mk
  2. Покрај барањето секој барател во зависност од видот на претрпената штета треба да достави :
  • Фотокопија од имотен лист
  • Фотокопија од лична карта со Изјава за користење на личните податоци
  • Фотокопија од трансакциска сметка
  • Фотокопија од договор за закуп
  • Изјава заверена на Нотар дека се наследници или го користат имотот (само за приватно земјиште) за лица на кои не им се завршени правните односи со поделба или префрлување.
  1. Пријавувањето на штетите може да се изврши секој работен ден од 9.00 до 15.00 часот, во периодот од 08.08.2022 година, заклучно со 19.08.2022 година во Општина Ресен.

Напомена: сите граѓани кои веќе имаат поднесено барања за штетата од врнежи од град кои се случија на 29.05.2022 година, да не поднесуваат нови барања доколку штетата е на истите парцели, односно треба да се пријават само парцели кои претрпеа штета од врнежи на град на 28.07.2022 година.

 

 

 

 

Извор: Општина Ресен 

Прочитајте

Заменик претседателот Фетаи ја претставуваше Владата на на Регионалната конференција „GovTech“...

0
Заменик-претседателот Арбен Фетаи денеска учествуваше на регионалната конференција „GovTech“ во Тирана, покрај Премиерот на Република Албанија, г. Еди Рама и други претставници од земјите...