Во 2020 година, 2 276 деловни субјекти, т.е. 40.7 % од нив имаат организирано барем еден од видовите континуирана
професионална обука.
Внатрешните курсеви за континуирана професионална обука се застапени во 1 327 деловни субјекти, што претставува
23.7 % од вкупниот број деловни субјекти, додека надворешните курсеви се застапени со 30.2 %, односно во 1 689 деловни субјекти.
Континуираната професионална обука е најзастапена во деловните субјекти што имаат повеќе од 250 вработени,
односно 66.3 % од овие деловни субјекти имаат организирано барем еден од видовите континуирана професионална обука.
Од вкупниот број деловни субјекти во државна сопственост, континуирана професионална обука спровеле 48.5 % од нив.
Извор: Државен завод за статистика