Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство беше гостин во вестите на телевизија Телма. Во своето гостување министерот Николовски потенцира дека со подготвениот ребаланс на буџетот за 2022 година, Владата подготви земјоделски буџет преку кој државата до денар ќе ги расчисти сите долови кон земјоделците, а за прв пат ќе започне и авансната исплата на субвенциите. Буџетот содржи и нови дополнителни мерки за поддршка во есенската сеидба на секој еден земјоделец преку Интервентниот фонд.
Запрашан дали зимава ќе имаме недостатоци на храна, министерот Николовски потенцира дека не очекува тешка зима, но граѓаните да бидат спокојни храна и основни производи ќе има доволно. Министерството навремено презема мерки за стабилизирање и поддршка на домашното производство. Она на што ќе инситираме како министерство, нагласи министерот Николовски, е целото домашно производство да заврши пред се во домашните преработувачки капацитети.
Целото интервју на министерот Љупчо Николовски може да го погледнете на следниот линк.
Интервју со Љупчо Николовски: Ќе биде тешка зима, но криза за храна и основни продукти нема да има
Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство