Спортскиот терен со најсовремена тартан подлога во н.м Колонија е третото спортско игралиште од вкупно седум што се градат на територија на општина Гази Баба.
Претходно беа завршени спортските терени во Триангла и Керамидница, а во периодот кој следи ќе се изградат и во населените места Гоце Делчев и Кирил Петрушевски со тартан подлога, додека Стајковци и Страчинци ќе добијат терени со вештачка трева.
Извор: Општина Гази Баба