spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: По четири децении се реконструира улицата Скоевска во Радишани

Град Скопје: По четири децении се реконструира улицата Скоевска во Радишани

Град Скопје денес ја започна реконструкцијата на улица Скоевска во населба Радишани, Општина Бутел. На отпочнувањето на градежните работи присуствуваа градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски.

Со овој проект целосно се реконструира коловозот на улицата и нејзините три краци, во вкупна должина од околу 1800 метри и ширина од 6 метри, од крстосницата со ул. „Ѓоре Ѓоревски“ до крстосницата со ул. „Радишанска“, а воедно се предвидува и соодветно партерно уредување и зеленило.

– Станува збор за една од поважните сообраќајници во ова населено место, која не е реконструирана повеќе од четири децении и истата, како што може да се види на терен, е во исклучително лоша состојба. За Град Скопје сигурноста и безбедноста на граѓаните се приоритет и со реализацијата на овој проект жителите на населбата Радишани ќе добијат комплетно реконструиран коловоз со соодветна хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација и соодветно партерно уредување и зеленило – истакна градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска.

Градоначалничката Арсовска додаде дека покрај оваа улица, пред отпочнување е и реконструкција на дел од улицата Бутелска и повеќе други проекти, согласно барањата на граѓаните од општина Бутел.

 

Градоначалникот Костовски изрази задоволство од почетокот на реализацијата на овој проект, кој Град Скопје го реализира преку договор за меѓуопштинска соработка, каде со истиот се излегува во пресрет на потребите на повеќе од 7000 жители во населбата Радишани.

Вредност на изведбата е 20.541.605 денари при што постигнато е намалување на цената со електронска јавна аукција и заштеда од 20% од проценетата вредност на проектот.

 

 

 

 

Извор: Град Скопје 

Прочитајте

ДИК: Излезност – Претседателски избори 2024

0
Прочитајте и погледнете 👀👇 ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024 Извор: Државна изборна комисија