spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Првиот македонски филм за деца „Стела“ вечерва на “Кино на...

Кисела Вода: Првиот македонски филм за деца „Стела“ вечерва на “Кино на отворено”

Огромен интерес предизвика синоќешната прва вечер од манифестацијата “Кино на отворено” која ја реализира Општина Кисела Вода со поддршка од Македокс.

Околу 300 посетители ја посетија проекцијата на првите два филма од програмата која ќе трае до недела и опфаќа повеќе интересни документарни и играни кинематографски остварувања. Вечерва во паркот Македонија, непосредно до Домот на културата “Билјана Беличанец”, публиката ќе може да го проследи првиот македонски долгометражен филм за деца „Стела“.

На проекцијата ќе присуствуваат и продуцентот Огнен Антов, режисерот Стојан Вујичиќ, како и главниот актер Дејан Лилиќ кои ќе одговараат на прашањата на посетителите.

Настанот започнува во 20 30 минути со анимирани филмови за најмладите од архивата на Македокс, по што ќе започне и емитувањето на „Стела“. Ве покануваме да присуствувате.

 

 

 

Извор: Општина Кисела Вода

Прочитајте