spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Чивнинг стипендии на Владата на Обединетото Кралство

МОН: Чивнинг стипендии на Владата на Обединетото Кралство

Во периодот од 2 август до 1 ноември 2022 година, Чивнинг секретаријатот прифаќа апликации за стипендии за учебната 2023/2024 година. Пријавувањето е на www.chevening.org/apply.

Чивнинг стипендиите им се доделуваат на лица кои ќе покажат посветеност и вештини потребни за создавање позитивни промени и притоа ќе покажат како магистратурата во Обединетото Кралство им помогнала во тоа. Стипендијата овозможува целосна финансиска поддршка за идните лидери да се образуваат на едно годишни магистерски студии на било кој универзитет во Обединетото Кралство и притоа овозможува да се стекнете со ексклузивни академски, професионални и културолошки искуства.

Откако програмата беше креирана во 1983 година, преку 50.000 професионалци ја добија можноста да се развиваат во Обединетото Кралство преку Чивнинг. За учебната година 2023/2024 на глобално ниво ќе се доделат над 1500 Чивнинг стипендии, покажувајќи ја посветеноста на Владата на Обединетото Кралство во креирање на идни лидери.

Изјава на Наоми Рејнер,одговорна за стипендии во британското Министерство за надворешни работи, комонвелт и развој:

„Како што светот продолжува да се справува со глобалните предизвици како климатските промени, меѓународната соработка е повеќе од потребна. Чивнинг се стреми да изгради меѓународна заедница на луѓе посветени на овие вредности, кои се стремат за позитивни промени. Ние ги зближуваме овие неверојатни лица од целиот свет и им овозможуваме по пат на едукација да ги остварат своите цели.

„Во Обединетото Кралство сме горди на нашите светски признаени универзитети и знаеме дека нашата научна средина е збогатена со различни култури, искуства и гледишта претставени во нашите кампуси. Чивнинг стипендистите даваат значаен придонес во овие заедници, а понатаму стануваат важен дел од алумни мрежата која брои преку 50,000 членови.

„Чивнинг го претставува најдоброто од Обединетото Кралство, прифаќајќи луѓе од целиот свет да студираат и да се развиваат. Да си дел од Чивнинг мрежата дава силно чувство на гордост и одговорност. Јас сум постојано инспирирана од страста и посветеноста на Чивнинг заедницата и ги очекувам со нетрпение новите апликации за оваа година.”

Изјава на Метју Лосон, британскиот амбасадор во Република Северна Македонија:

„ Ако си некој кој е страствен да направи промена, било на локално или на глобално ниво, ако сакаш да бидеш најдобар во она што го правиш и ако имаш имагинација да ги инспирираш и другите, тогаш Чивнинг стипендијата може да биде одлична можност за тебе.“

Не постои ‘типичен’ студент. Твојата возраст, раса, пол, религија и културолошка позадина не ни е важна. Сакаме да видиме дека имаш енергија, љубопитност, јасна визија за својата иднина и можност за остварување на твоите цели. Ако ова звучи како твој опис, тогаш постои голема веројатност да станеш дел од алумни заедницата која брои преку 50.000 членови ширум светот.“

„Нашата Алумни мрежа е полна со динамични луѓе кои го споделуваат искуството што вие ќе го доживеете. Тие ќе овозможат охрабрување, менторство, совети и контакти. Кога ќе се вратите дома после студиите ќе се чувствувате подготвени да направите вистинска професионална разлика.“

„Голема е придобивката од поднесувањето на апликацијата, затоа ако го поседуваш она што треба за да бидеш Чивнинг стипендист, ве охрабрувам да аплицирате пред крајниот рок 1 ноември.“

Повикот за нови апликанти следи по изборот на 7 (седум) стипендисти од Република Северна Македонија, кои добија стипендија за магистратура на универзитет во Обединетото Кралство оваа година. Избраните кандидати ги споделуваат своите приказни преку #ChosenForChevening хаштагот на Twitter и Facebook.

Дополнителни информации:

За детални информации и критериумите за аплицирање посетете ја www.chevening.org/scholarships.

Информација за уредниците:

 

Чивнинг стипендиите се дел од глобалната програма на британската Влада за стипендирање финансирана од Министерството за надворешни работи, комонвелт и развој. Стипендиите поддржуваат студирање на британски универзитет за едногодишни магистерски студии и индивидуалци кои покажуваат потенцијал да станат идни лидери, носители на одлуки и креатори на мислење.

Чивнинг програмата постои од 1983 година и низ годините се разви во престижна меѓународна програма. Чивнинг стипендистите се од над 160 земји и територии во светот, во последните 5 години се доделени речици 10.000 стипендии. На глобално ниво има над 50.000 стипендисти, влијателна и ценета мрежа.

Името „Чивнинг“ доаѓа од Чивнинг резиденцијата во Севеноукс, Кент – која моментално е заедничка официјална резиденција на британскиот министер за надворешни работи.

Повеќе информации на www.chevening.org

 

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...