spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииЛевицаЗа евро-фундаменталистите нема алтернатива за бугаризацијата

За евро-фундаменталистите нема алтернатива за бугаризацијата

Евроамбасадорот Дејвид Гир во изјава за домашните медиуми потенцира дека Македонија ги отпочна преговорите за пристапување кон ЕУ, иако во извештајот од Меѓувладината конференција на министерско ниво стои дека ЕУ ја започна фазата за отворање на пристапните преговори со Македонија, додека во извештајот за Албанија стои дека ЕУ веќе ги отпочнала пристапните преговори со оваа земја.

Тоа целосно ја негира небулозната претстава со цел замајување на јавноста од страна на власта и бриселските бирократи.

Познато е дека преговорите со ЕУ нема да отпочнат сè додека не се исполнат понижувачките негаторски барања на ревизионистичкиот бугарски државен врв, чии големодржавни апетити имаат за цел од Македонија да направат бугарска колонија. Евроамбасадорот само даде потврда за она што нам ни е јасно – ЕУ како гарант на предавничкиот договор со ревизионистичка Бугарија до крај ќе се залага за негово целосно исполнување.

Јасно е дека на бирократската машинерија на ЕУ, приоритет ѝ е уривањето на антифашистичките темели на повоена Европа, па затоа барањата на Бугарија потполно ѝ соодветствуваат. Еврофундаменталистичките експозитури, олицетворени во разноразни партии, невладини организации и други агенти, кои со децении опстојуваа од европски пари, ја наметнаа одамна излитената догма дека ЕУ нема алтернатива.

Јавајќи на стравот на јавноста која со децении е калапена во ова едноумие, евроамбасадорот Гир ни порачува дека ако не го отвориме Уставот по желба на официјална Софија, нѝ следува потполна пропаст.

Очевидно е дека домашните политички предавници, во согласност со европските бирократи, сега наметнуваат бугаризација без алтернатива.

 

 

 

Извор: ЛЕВИЦА

Прочитајте