Директорот на АПЈ, Илбер Села, ја посети Националната установа „Спомен-куќа на Мајка Тереза“ – Скопје, каде што оствари средба со г. Насер Цури, директор на установата.
Села му се заблагодари на својот колега Цури за гостопримството и за време на средбата му понуди поддршка околу имплементација на обврските од Законот за употреба на јазиците во таа установа, врачувајќи му публикации во издание на АПЈ.
Директорот Цури го запозна својот соговорник со реализираните и со планираните активности на установата.
Исто така, ја потенцира и подготвеноста за соработка со АПЈ на теми поврзани со употребата на албанскиот јазик во оваа исклучително значајна културна установа чија дејност е поврзана со заштита, истражување, одржување, користење и презентација на музејски предмети поврзани со животот, делото и мисијата на Мајка Тереза.