Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното производство на шумски производи во државнитешуми во второто тримесечје од 2022 година, во однос на второто тримесечје од 2021 година, е намалено за 4.4 %.
Зголемување на шумското производство е забележано кај рудничкото дрво од иглолисни и листопадни видови, друго
обло дрво од иглолисни видови, огревното дрво од иглолисни видови и друго грубо обработено дрво, цепeници, дрвени столбови и колци.
Намалување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни видови и листопадни видови, просторното дрво од иглолисни видови и огревното дрво од листопадни видови.
Во истиот период продажбата на шумски сортименти изнесува 131 587м3 и бележи зголемување за 1.4 %.
Извор: Државен завод за статистика