spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Јавен повик за избор на здруженија и доделување средства на здруженија...

МЗ: Јавен повик за избор на здруженија и доделување средства на здруженија – Програма за заштита на населението од ХИВ-инфекција

Врз основа на член 16 ставови (2) и (3) од Законот за здравствената заштита („Службен весник на Република Македонија“ бр. 43/12, 145/12, 87/13, 164/13, 39/14, 43/14, 132/14, 188/14, 10/15, 61/15, 154/15, 192/15, 17/16, 37/16, 20/19, и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 101/19,  153/19, 180/19, 275/19, 77/21, 122/21 и 178/21), а во врска со Програмата за заштита на населението од ХИВ-инфекција во Република Северна Македонија за 2022 година (Сл.весник на Република Северна Македонија” бр. 33/2022 од 15.02.2022 година), и (Сл.весник на Република Северна Македонија” бр. 91/2022 од 12.04.2022 година), интерна процедура за постапката на планирање, подготвување, реализација на програмата за заштита на населението од ХИВ инфекција, како и постапката за реализирање на финансиските средства до извршителите на активностите од програмата за заштита на населението од ХИВ инфекција финансирана од Буџетот на Република Северна Македонија бр. 22-1020/1 од 27.01.2021 година и Одлуката за спроведување јавен повик за избор на здруженија и доделување средства на здруженија коишто ќе спроведуваат активности  утврдени во Програмата за заштита на населението од ХИВ инфекција во Република Северна Македонија за 2022 година бр. 24-5230/1 од 08.08.2022  година, Министерството за здравство објавува

Ј А В Е Н П О В И К

За избор на здруженија и доделување средства на здруженија коишто ќе спроведуваат активности  утврдени во Програмата за заштита на населението од ХИВ-инфекција во Република Северна Македонија за 2022 година (Сл. весник на РСМ бр. 33/2022 од 15.02.2022 година) и (Сл. весник на РСМ бр. 91/2022 од 12.04.2022 година)

I. Предмет на јавниот повик:

Избор на здруженија и доделување средства на здруженија коишто ќе спроведуваат активности  утврдени во Програмата за заштита на населението од ХИВ-инфекција во Република Северна Македонија за 2022 година (Сл. весник на РСМ, бр. 33/2022 од 15.02.2022 година) и (Сл. весник на РСМ, бр. 91/2022 од 12.04.2022 година)

II. Договорен орган:

Министерство за здравство, со седиште на адреса: ул. „50 Дивизија“ бр.14, 1000 Скопје, телефон +389 2 3 11 25 00, интернет страна: www.zdravstvo.gov.mk

Лице за контакт кај договорниот орган – м-р Александра Ристовска Евтимова телефон +389 2 3 11 25 00, факс +389 2 3 11 30 14, електронска пошта aleksandra.evtimova@zdravstvo.gov.mk

III. Времетраење на договорот

Договорите склучени меѓу Министерство за здравство и избраните здруженија се склучуваат на определено време, заклучно со истекот на фискалната 2022 година.

IV. Трошоци кои ќе се финансираат преку Програмата за заштита на населението од ХИВ-инфекција во Република Северна Македонија за 2022 година:

V. Услови за учество на јавен повик

За да учествуваат во постапката на јавен повик за избор на здруженија и доделување средства на здруженија коишто ќе спроведуваат активности утврдени во Програмата за заштита на населението од ХИВ-инфекција во РСМ за 2022 година, заинтересираните здруженија мора да ги исполнуваат следните услови за утврдување на нивната способност и да достават доказ за истите и тоа:

Задолжителна документација за учество во јавен повик

–     Компјутерски пополнет унифициран образец, потпишан од застапникот на здружението и заверен со печат на здружението (на пропишаниот образец кој е составен дел на јавниот повик);

–     Детален финансиски план (доставен како посебен документ);

–     Тековна состојба од Централниот регистар (не постара од 6 месеци);

–     Копија од статутот на здружението;

–     Програма за работа или стратешка рамка на здружението;

–     Копија од последна завршна сметка (2022 година);

–     Доказ за реализирани најмалку три проекта, односно еден повеќегодишен проект, во вкупно траење не помало од три години за давање стационарни и/или теренски услуги за превенција и поддршка во врска со ХИВ помеѓу клучни популации, самостојно или во партнерство (копија од склучен/-и договор/-и за спроведување проект и копија од извештаи за реализација)

–     Доказ за исполнување соодветни кадровски услови: изјава на здружението за ангажиран персонал; професионална биографија на лицата кои ќе бидат ангажирани во реализација на проектот (на пропишаниот формулар кој е составен дел на јавниот повик);

–     Најмалку едно мислење/референца од партнери или донатори за реализација на претходни проекти;

–     Писмена поддршка од други организации или институции за кои е планирано да земат учество во реализацијата на проектот (доколку проектот се спроведува во партнерство со друга организација/ институција).

VI.  Вид на активности кои ќе бидат поддржани

Во рамките на овој јавен повик финансиски ќе бидат поддржани програмски активности во следниве области на делување:

1. Превенција на ХИВ кај клучните популации – програми за ЛИД во Скопје, Гостивар, Кичево, Охрид, Тетово, Струга, Битола, Кавадарци, Струмица, Гевгелија, Прилеп, Штип, Велес и Куманово

Со овие програми е предвидено да се опфатат со основен пакет на услуга (сет од една игла и еден шприц, кондом и едукативен материјал) вкупно 4500 лица од целната популација, во рамките на веќе воспоставени програми за намалување на штети од употреба на дроги односно програми за размена на игли и шприцеви, дистрибуција на кондоми, лубриканти и информативно-едукативни материјали, стационарни и теренски услуги од теренски, социјални и медицински работници, психосоцијална поддршка, едукации за ХИВ, мотивација за третман на зависност и други активности, во, Струмица и Гевгелија

За оваа област на делување се издвоени средства во вкупен износ од 726.000,00 денари, за следните области:

Струмица и Гевгелија – средства во износ од 726.000,00 денари;

2. Превенција на ХИВ кај клучните популации – програми за СР во Скопје (2), Гостивар, Тетово, Охрид, Битола, Струмица, Гевгелија

Со овие програми е предвидено да се опфатат со основен пакет на услуга (кондом, лубрикант и едукативен материјал) вкупно 1850 лица од целната група, во рамките на веќе воспоставените 8 (осум) стационарни и теренски програми со вклучени теренски и социјални работници, пиер едукации и други активности во Струмица и Гевгелија.

За оваа област на делување издвоени се средства во вкупен износ од 396.000,00 денари., за следните области:

  • Струмица и Гевгелија – средства во износ од 396.000,00 денари.

VII. Право на учество

Право на учество имаат сите заинтересирани здруженија основани согласно Законот за здруженија и фондации.

Заинтересираните здруженија можат да поднесат пријава за една, две или повеќе активности наведени во точка VI од јавниот повик и тоа:

  1. Превенција на ХИВ кај клучните популации – програми за ЛИД, Струмица и Гевгелија
  2. Превенција на ХИВ кај клучните популации – програми за СР во Струмица и Гевгелија

VIII. Времетраење на Јавниот повик

Јавниот повик трае 10 (десет) календарски денови, сметано од денот на објавувањето во два весника.

IX. Краен рок и место за поднесување на документацијата

Крајниот рок за доставување на потребната документација е до 15 часот на последниот ден на јавниот повик, односно од денот на објавување во двата весника;

Документацијата се поднесува во архивата на Министерство за здравство во затворен коверт, со седиште на ул. „50 Дивизија“ бр. 14, 1000 Скопје, со назнака – Пријава за јавен повик за избор на здруженија и доделување средства на здруженија кои што ќе спроведуваат активности  утврдени во Програмата за заштита на населението од ХИВ-инфекција во Република Северна Македонија за 2022 година  (Сл.весник на РСМ бр. 33/2022 од 15.02.2022 година) и (Сл.весник на РСМ бр. 91/2022 од 12.04.2022 година)

X. Постапката за избор на здруженија и доделување средства на здруженија коишто ќе спроведуваат активности утврдени во Програмата за заштита на населението од ХИВ-инфекција во Република Северна Македонија за 2022 година  (Сл.весник на РСМ, бр. 33/2022 од 15.02.2022 година) и (Сл.весник на РСМ бр. 91/2022 од 12.04.2022 година) ја спроведува комисија назначена од Министерот за здравство.

Пријавите по јавниот повик се доставуваат во рокот утврден  во јавниот повик.

Комисијата ги разгледува само пријавите кои ги исполнуваат условите наведени во овој јавен повик.

Некомплетната документација и документацијата која е поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, се отфрла како некомплетна и  задоцнета и истата нема да се разгледува. Комисијата за спроведување на јавниот повик, при проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на здружението и при евалуација на понудата, може да побара од здруженијата да ги појаснат или дополнат документите, доколку не станува збор за значителни отстапувања од бараната документација, во рок од 3 (три) работни дена, сметано од денот на доставување на Барањето преку e-mail адресата која здружението ќе ја наведе во формуларот за аплицирање. Бараната документација да се достави во електронска форма како одговор на доставеното барање и во хартиена форма во архивата на Министерството за здравство. За валиден рок се смета рокот на доставување на документацијата во електронска форма (преку e-mail комуникација).

Пријавите се разгледуваат во присуство на сите членови на Комисијата.

Изборот на здруженијата ќе биде извршен врз основа на условите утврдени во јавниот повик.

Сите здруженија кои ќе ги исполнат условите наведени во јавниот повик по предлог на Комисијата, ќе бидат избрани и со истите ќе се склучат поединечни договори.

Министерството за здравство го задржува правото да ја отфрли понудата на здружение кое покажало значителни или постојани недостатоци во исполнувањето на клучните обврски во претходни договори по Јавен повик склучени со Министерство за здравство, што резултирало со еднострано раскинување на договорот.

Министерството за здравство го задржува правото да склучи договор со повеќе здруженија за извршување на иста активност, под услов вкупниот износ на склучените договори да не го надминува буџетот за утврдената активност, предвидени во овој Јавен повик..

XI. Начин на известување

Здруженијата учесници на јавниот повик ќе бидат известени во рок од 7 (седум) дена по писмен пат за резултатите од јавниот повик за избор на здруженија и доделување средства на здруженија коишто ќе спроведуваат активности утврдени во Програмата за заштита на населението од ХИВ-инфекција во Република Северна Македонија за 2022 година (Сл.весник на РСМ бр. 33/2022 од 15.02.2022 година) и (Сл.весник на РСМ бр. 91/2022 од 12.04.2022 година).

Формуларот за аплицирање, формулар за професионална биографија на ангажираните лица за предлог проектот и формуларот за буџет, се достапни на веб страната на Министерството за здравство www.zdravstvo.gov.mk.

За реализација на активностите обезбедени се средства во износ од 1.122.000,00 денари, обезбедени од Програмата 57 од Буџетска сметка ставка 425.

 

 

Извор: Министерство за здравство 

Прочитајте

Заменик претседателот Фетаи ја претставуваше Владата на на Регионалната конференција „GovTech“...

0
Заменик-претседателот Арбен Фетаи денеска учествуваше на регионалната конференција „GovTech“ во Тирана, покрај Премиерот на Република Албанија, г. Еди Рама и други претставници од земјите...