spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАХВ: Досега регистрирани вкупно шест случаи на африканска свинска чума

АХВ: Досега регистрирани вкупно шест случаи на африканска свинска чума

Од 6 јануари годинава кога во делчевското село Драмче прв пат беше регистрирана појава на африканска свинска чума во земјава, до вчера се констатирани нови случаи и во Моштица, Мојанци, Пресека, Тркање и Виничка Кршла, соопшти денешната прес конференција директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски.

 

Тој потенцира дека на удар се малите одгледувалишта со по една, две или три свињи кои ги чуваат за домашна употреба, а кои не применуваат биосигурносни мерки и тие, рече, се најголемата опасност за ширење на болеста. Упати апел сите одгледувачи на свињи, до официјалните ветеринари на АХВ или на најблиските ветеринарни друштва, навреме да го пријават секој сомнителен случај на африканска чума за да се  спречи ширењето на болеста.

Извор и резервоар на вирусот, потенцира Бабовски, се дивите свињи, а болеста која ја има во регионот, е веројатно пренесена кај нас од соседна држава.

Директорот уште еднаш повика граѓаните да не се грижат, зашто африканската чума не е опасна за луѓето, ниту месото од заболените свињи е штетно, но, болеста може да се шири зашто вирусот останува активен во свежото месо.

Бабовски повторно апелираше свињите да се чуваат во затворен простор и секој сомнителен случај веднаш да го пријават.

Големите фарми за свињи не се во регионот што е сега зафатен со африканска чума. Се работи за поединечни случаи. Потсетуваме дека сточарите ќе добијат отштета само доколку пријават сомнително и заболено животно кај кое ќе се потврди присуството на болеста, а не и за угинатите животни. Ако случаите не се пријават, на одгледувачите не им следува финансиски надомест. Отштета не следува и за свињите кои се чуваат на отворено, спротивно на забраната, кои ќе бидат одземени и нештетно отстранети на товар на одгледувачот,  рече Бабовски на прес-конференцијата.

 

Потсети дека главни преносители на вирусот се дивите свињи, но и несовесните граѓани, кои без да водат сметка за хигиена и за примена на соодветни мерки, излегуваат и влегуваат на фармите.

Забрането е одгледувањето свињи на отворено, без контрола, или ако има испуст, тој треба да има двојна ограда, а растојанието меѓу двете огради мора да изнесува најмалку еден метар, рече директорот, осврнувајќи се на мерките за заштита.

Категоризацијата што ја спроведе АХВ и со која беа опфатени 5 608 фарми, покажа дека 708 ги спроведуваат целосно биосигурносни мерки и се со низок ризик, најголем број или 4 219 се од среден ризик, односно, се спроведуваат мерки но, не во целост и 681 фарма, односно одгледувалишта кои не ги спроведуваат биосигурносни мерки.

Од 26 август до денес, подвлече Бабовски, стручни екипи на АХВ се секој ден на терен каде вршат вонреден попис.

 

 

 

 

Извор: Агенција за храна и ветеринарство 

Прочитајте

Кисела Вода – Средба на градоначалникот Ѓорѓиевски со хрватската амбасадорка Нивес...

0
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска беше домаќин на хрватската амбасадорка н.е. Нивес Тигањ, која повторно ја посети општината во рамки на...