Во рамките на акцијата на Општина Гевгелија за подобрување на патната инфраструктура, во Миравци заврши реконструкцијата и поставувањето нов асфалт на улицата „Маршал Тито“.
Станува збор за фреквентна улица која од центарот на населеното место води до населеното место Петрово. При увидот во градежните активности, градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, истакна дека по барање на граѓаните, активностите за подобрување на условите за живот продолжуваат во Миравци.
Претходно, во Миравци се бетонираа повеќе улични краци и тоа на улиците: „Кирил Танев“, „Климент Охридски“, „Ѓорѓи Митров“ и „Партизанска“. Сите овие зафати се реализирани согласно Програмата за изградба, реконструкција и рехабилитација, одржување и заштита на општинските патишта и улици во 2022 година.
Извор: Општина Гевгелија