Во општина Гевгелија продолжуваат градежните зафати за подобрување на патната инфраструктура.
Во Милетково, се асфалтира влезната улица, која е и единствениот пат кој води до населеното место. Со реконструкцијата и асфалтирањето, на оваа улица ќе биде олеснет сообраќајниот пристап на жителите во Милетково, бидејќи беше доста оштетена и небезбедна за одвивање на сообраќајот.
„Во населеното место Милетково после многу години се инвестира во инфраструктурата, што е доказ за посветеноста на локалната самоуправа за подобрување на животот на граѓаните во секое населено место во Општина Гевгелија, истакна Сарамандов”, кој денеска изврши увид во градежните работи.
Извор: Oпштина Гевгелија