Во рамките на годинашниот третман против комарци кој Советот за развој на Југоисточниот плански регион го спроведува на подрачјата на десетте општини од ЈИРП, во општина Гевгелија, како и во општините: Валандово, Дојран, Богданци, Радовиш и Конче, на 16 август, 2022 година, во периодот помеѓу 09:00-16:00 часот, ќе биде извршена втората теристичка ларвицидна дезинсекција.
За таа цел, се информираат сопствениците на пчелните семејства да преземаат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат пред извршувањето на ларвицидното прскање во најавениот период.
Извор: Општина Гевгелија