Започна првата фаза од санацијата на улица “Саса” во урбаната заедница Пинтија. Се работи на 500 метри должина, на кои се интервенира за првпат откако е направена оваа улица.
По налог на Општина Кисела Вода веќе е отстранет дотраениот асфалт и интензивно се работи на подготовките за асфалтирање.
Паралелно, во Пинтија, течат градежни активности и на кракот 18 од улицата Саса, каде во завршна фаза е поплочувањето со павер елементи на повеќе улици со вкупна површина од околу 1500 квадратни метри.
Покрај надземно, во оваа населба се работи и на унапредување и уредување на подземната инфраструктура. Имено, Општина Кисела Вода е во фаза на подготовка на техничка документација за изградба на околу 1600 метри фекална канализација, за улиците Саса 4 и Саса 2, кои за првпат ќе добијат канализациона мрежа.
Работејќи на постигнување на рамномерен регионален развој, во општина Кисела Вода со градежни зафати се зафтени и останатите месни и урбани заедници.
Извор: Општина Кисела Вода