spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаМаричиќ: Младите се двигател на нашето општество и предводници на македонската европска...

Маричиќ: Младите се двигател на нашето општество и предводници на македонската европска иднина

По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на младите, Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ упати честитка до младите во земјава.

– Наша обврска беше и е да обезбедиме сигурност, безбедност и просперитет, а на младите да бидат најголемиот социјален двигател на нашето општество и предводници на македонската европска иднина.

Денес кога ширум планетата младите го слават својот ден, Меѓународниот ден на младите, нѐ потсетуваат за нивниот огромен потенцијал и моќ кој го носат во себе за промени и општествен развој.

Вашата енергија, капацитет и ентузијазам претставуваат сила за сѐ она што е и сакаме да биде Северна Македонија, како и мотив плус за целата општествена заедница решително да одговори на предизвиците за развој и напредок на земјата.

Млади, партнерскиот однос кој го имаме, со целосно почитување на вашите потреби и идеи, е еден од најдобрите показатели за подготвеноста на Владата да работи на зајакнување на младите како активни граѓани и иницијатори за позитивни општествени промени.

Заеднички продолжиме да работиме на зајакнување на социјалната кохезија преку подобрување и зајакнување на меѓусебното разбирање и секојдневната соработка и да ве поддржуваме на патот кон развивање на вашиот потенцијал, знаења, успеси и цели.

Нека е честит меѓународниот ден на младите, нашиот најголем и најважен капитал, напиша вицепремиерот Маричиќ на својот профил на Фејсбук.

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте

Карпош: Професорот Тупурковски заслужен граѓанин

0
По повод  48 годишнината од своето основање (3. ноември), Општина Карпош неодамна го прогласи за свој заслужен граѓанин, професор д-р Васил Тупурковски. Во оваа...