Протоколарна средба, оствари градоначалникот Кирил Пецаков со градоначалничката на Општина Измит, Република Турција, Фатма Каплан Хуриет.
На средбата беше потенцирана веќе добрата воспоставена соработка помеѓу Охрид и институциите и општините од Турција. Соговорниците разговараа за размена на искуства во областа на туризмот, но и за воспоставување соработка и во други области.
Договорено беше да се организира и возвратна посета на Измит од страна на делегација од Општина Охрид со цел унапредување на меѓусебната соработка.
Извор: Општина Охрид