spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниОхрид: Подобар сообраќајен пристап до брзата помош

Охрид: Подобар сообраќајен пристап до брзата помош

По налог на Одделението за сообраќај и улици при Општина Охрид, екипи на ЈП „Градски пазар“ поставија монтажни столпчиња на паркингот пред Брзата помош во Охрид

Оформена е нова коловозна лента и обезбедено е ограничување на паркинг просторот, кои ќе бидат наменети само за специјалните возила на оваа здравствена служба. Со ова се обезбедува решавање на долгогодишниот проблем, кој Брзата помош го имаше поради попречен пристап до просториите од несоодветно паркирани возила.

Останатиот дел од паркингот кој не е ограничен со столпчиња и понатаму ќе биде достапен за користење од страна на граѓаните.

Се упатува апел до возачите да го почитуваат поставеното ограничување, со што ќе се обезбеди брзо и навремено интервенирање на службите на Брзата помош.

 

 

 

Извор: Општина Охрид 

Прочитајте

МЗШВ: Николовски во посета на малата винарија Киево во Карбинци –...

0
Заедно со земјоделците имаме постигнато многу резултати во земјоделството. Нема населено место низ државата каде нема да сретнете некоја успешна земјоделска приказна. Поддржана токму...