spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииЛевицаПротест на пазарџиите и земјоделците од новиот пазар во понеделник

Протест на пазарџиите и земјоделците од новиот пазар во понеделник

На 30-ти Април (по 14-часовната дискусија) на 12-тата седница, беше донесена одлука на Совет во присуство на пазарџиите кои уредно плаќаат дневна ќирија на ЈП Пазари и директорката Соња Карапашовска, за преместување на пазарџиите во внатрешноста на “Новиот Пазар” во нова Битола под феноменални услови во даден рок од 15 дена.

  • Условите беа следни:
    1. Праволиниски распоред на тезгите
    2. Соодветен влез на пазарот за дотур на роба
    3. Нови канти за отпадоци
    4. Набавка на колички за пренос на роба
    5. Дислоцирање на кучињата скитници
    6. Санирање на тоалетите
    7. Хигиена на пазарот
    8. Обезбедување на пазарот во ноќни часови
    9. Промена на кров на пазарот
    10. Отстранување на дивите пазарџии

Ниту еден услов не е исполнет, а финансиската ситуација на ова претпријатие е во загуба!

На 2 Јуни, советничката група на Левица по барање на пазарџиите во кое беа потпишани повеќе од 70 пазарџии ширум градот, поднесе дополнителна точка до Совет за промена на одлуката и враќање на земјоделците и пазарџиите на паркингот позади новиот пазар поради неисполнети услови од страна на градоначалникот Тони Коњановски и директорката на ЈП Пазари Соња Карапашовска.

Оваа одлука не беше прифатена од страна на коалицијата Поинаку и Вмро-Дпмне!

На 13ти Јули, советникот од Левица, Велевски Горан, јавно од говорница во Совет, повика оставка на директорката Карапашовска на ЈП Пазари.

Како партија им дадовме ветување на земјоделците и пазарџиите дека заеднички ќе го решиме овај проблем, не отстапуваме, одиме до крај!

Пазарџиите и земјоделците ве повикуваат за поддршка:

ПОНЕДЕЛНИК (15.08.2022) ВО 09:30 ЧАСОТ ПРЕД ЗГРАДАТА НА ОПШТИНА БИТОЛА!

 

 

 

 

Извор: ЛЕВИЦА

Прочитајте

Кисела Вода – Средба на градоначалникот Ѓорѓиевски со хрватската амбасадорка Нивес...

0
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска беше домаќин на хрватската амбасадорка н.е. Нивес Тигањ, која повторно ја посети општината во рамки на...