spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниДелчево: Најдобрите делчевски матуранти на средба со градоначалникот Трајковски

Делчево: Најдобрите делчевски матуранти на средба со градоначалникот Трајковски

Најдобрите матуранти од делчевската гимназија по враќањето од наградното патување за Турција  беа на средба со градоначалникот Горан Трајковски. На средбата, тие ги пренесоа импресиите од патувањето, информирајќи го градоначалникот за условите, за убавините на Турција и локалитетите кои ги посетиле, но и го потенцираа значењето на оваа награда која е востановена како традиционална награда од Општина Делчево на најдобрите 10 матуранти од СОУ „М. М.Брицо“.

Матурантите летуваа во познатото туристичко место во Турција на брегот на Егејското Море, Кушадаси, како дестинација која ја одбраа за награда од Општина Делчево за постигнатите одлични резултати во текот на средношколското образование.

Патувањето го организираше туристичката агенција „Вардар експерс“, а за оваа намена-наградно патување на десетте најдобри матуранти, Општина Делчево издвои од Буџетот, 354.000 ден.

Извор: Општина Делчево

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...