spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Одржување на зеленилото во населба Жданец

Карпош: Одржување на зеленилото во населба Жданец

Како дел од редовните активности за одржување на хигиената и зеленилото во општина Карпош, викендов (13.08.2022) службите од локалната самоуправа ги кастреа и отстрануваа гранките на потегот по улицата Нерешка, која се наоѓа во населбата Жданец.

Станува збор за обраснато зеленило кое навлегуваше долж патеката за пешаци, поради што истата беше  непрегледна за минување.

По интервенција на стручните лица за одржување на хигиената во Карпош, пешачката патека повторно е прегледна и безбедна за движење.

 

 

 

Извор: Општина Карпош 

Прочитајте

Велес: Ракометно игралиште во Градскиот парк со нови трибини

0
Почнаа градежните работи за поставување на нови трибини на ракометното игралиште во Градски парк. Ќе се постави нова конструкција и седишта со што овој...