АМС: Доделување на наградите за младинско учество

Самостојни органиСамостојни државни органиАМС: Доделување на наградите за младинско учество

Најчитано

По повод на меѓународниот ден на младите, 12 Август, Агенцијата за млади и спорт во соработка со Националниот младински совет на Македонија, додели награди во три категории: индивидуална категорија (млади на возраст 15-29), категорија за неформални групи на млади (од најмалку тројца членови) и категорија за младински организации, организации за млади и чадор младински организации. Наградата има за цел да го препознае и валоризира трудот на младите при адресирање на различни општествени прашања.

Годинешните добитници на награди се актерката Изабела Јакимова, во индивидуална категорија, неформалната група на млади „Младите на Една може“ (One Can Youth), во категоријата на неформални групи на млади и здружението „Гоу Грин“ (Go Green), во категоријата на младински организации, организации за млади и младински чадор организации.
Наградите за младинско учество беа доделени од страна на директорот на Агенција за млади и спорт – Наумче Мојсовски и претседателката на Националниот Младински Совет на Македонија – Марија Крстевска. Додека претседателот на Република Северна Македонија – г-дин. Стево Пендаровски имаше обраќање пред младите на настанот.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт г- дин. Мојсовски, ги поздрави сите присутни и им го честита меѓународен ден на младите, и на добитниците на наградите. Во своето обраќање директорот Мојсовски истакна дека “Денес, на Меѓународниот ден на младите, посакувам правата и просперитетот на младите да бидат основен услов за развој на нашата земја, имајќи го во предвид потенцијалот на младите и нивната застапеност во сите фази на креирање и одлучување на младинско учество и младински политики. Младите знаат што е најдобро за нив и затоа трба да се слушне нивниот глас. Од друга страна АМС е нивен стратешки пријател и ги подржува сите млади без ниту една предрасуда.”
Директорот Мојсовски најави дека од оваа година, Агенција за млади и спорт ја превзема одговорноста традиционално да го организира настанот за доделување на наградите за младинскио учество.
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе