spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: Јубилеен 50 годишен турнир во ракомет во Струга

АМС: Јубилеен 50 годишен турнир во ракомет во Струга

По повод 50 годишниот јубилеен ракометен турнир во Струга се одржа прес конференција во просториите на Агенцијата за млади и спорт.
На прес конференцијата учествуваа директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски, спортскиот новинар Горан Милковски, претседателот на Р.К. Струга Кире Јовановски и генералниот секретар на Ракометната федерација на Македонија Филип Милошевски.
Ракометниот турнир оваа година ќе се одржи од 16 до 20 август 2022 година. На истиот ќе земат учество 8 клубови, 5 од земјава и 3 од странство. Клубовите ќе бидат поделени во две групи.

 

По овој повод директорот Мојсовски истакна дека овој турнир има огромно значење за земјата и дека е еден од најстарите ракометни турнири во Европа.
Директорот Мојсовски истакна дека ракометот е спорт број 1 во земјата и им посака успех и фер плеј игра на учесниците.
Претседателот на Р.К. Струга Кире Јовановски им се заблагодари на Агенцијата за млади и спорт и на Ракометната федерација на Македонија  кои оваа година се покровители на овој јубилеен 50 годишен Турнир.

Прочитајте

Кисела Вода: Домаќин на престижниот предизвик на FIRST LEGO League

0
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчера го отвори интернационалниот настан FIRST LEGO League Challenge, еден од најпрестижните STEM натпревари во светот, поддржан од УНЕСКО, кој престојува...