spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваБесими: Јавната дебата за даночната реформа продолжува – можност ставовите да се...

Бесими: Јавната дебата за даночната реформа продолжува – можност ставовите да се достават и онлајн на веб-странатата

Министерството за финансии ги продолжува серијата состаноци во рамки на јавната дебата за Концептот на даночни реформи. Вчера во Министерството за финансии Концептот беше презентиран од страна на министерот за финансии Фатмир Бесими пред претставници на невладиниот сектор, консултантски и ревизорски друштва, како и организации. На состанокот присуствуваа директорките и заменик-директорите на Управата за јавни приходи и Царинската управа Сања Лукаревска и Абдул Селам-Селами и Славица Кутиров и Муарем Асани.

На состанокот министерот истакна дека како и на претходните состаноци одржани во рамки на јавната дебата и денеска посочувам дека ова е Нацрт -концепт на даночна реформа која ќе биде дефинирана откако ќе заврши јавната дебата и откако ќе биде претставена пред сите чинители во општеството.

„Ова е потребно за даночната реформа да биде одржлива. Даночната реформа не е решение кое треба да се гледа како потреба да се обезбедат повеќе средства во буџетот, туку реформа која значи постигнување одржлив економски раст. Затоа и таа следи откако претходно со нов Закон за буџети се дефинираа фискални правила за начинот на кој ќе се трошат средствата на граѓаните“, рече министерот Бесими и додаде дека потребата од спроведување на ваква реформа произлегува и од фактот што земјава има едно од најниските нивоа на учество на приходите од даноци и придонеси во БДП во споредба со земјите од ЕУ.

„Како што и досега на одржаните состаноци посочив и денеска повторувам дека нема конечни решенија, нема зголемување на даноци. Концептот на даночната реформа се однесува на зголемување на опфатот приходите кои се предмет на оданочување, преку преиспитување на преференцијалниот третман на одредени категории на извори на приходи, инвестиции и категории на деловни субјекти, како и преку воведување повеќе обврзници во системот на оданочување преку намалување на неформалната економија“, истакна министерот.

 

Овој процес е инклузивен и транспарентен. Во таа насока се и состаноците што ќе се одржат во наредниот период со експерти, претставници на МАНУ и слично, но секој има можност да придонесе со свој конструктивен предлог или став и преку испраќање порака до Министерството за финансии на посебно креиран линк на веб страницата на Министерството.

Јавната дебата за Концептот на даночна реформа започна на почетокот на овој месец и таа ќе трае до средината на септември, по што се очекува да се излезе со предлог законски решенија. Реформата ќе се спроведува етапно во период од 2023 до 2025 година.

Концептот на даночни реформи се темели на петте приоритети дефинирани во Стратегијата за реформа на даночниот систем (2021-2025) кои се однесуваат на поголема праведност во оданочувањето; поголема ефикасност и ефективност на даночниот систем за подобра наплата на приходите; зголемена даночна транспарентност; подобар квалитет на услугите, и афирмирање на еколошка даночна политика.

 

 

 

Извор: Министерство за финансии 

Прочитајте

Заменик претседателот Фетаи ја претставуваше Владата на на Регионалната конференција „GovTech“...

0
Заменик-претседателот Арбен Фетаи денеска учествуваше на регионалната конференција „GovTech“ во Тирана, покрај Премиерот на Република Албанија, г. Еди Рама и други претставници од земјите...