За успешен почеток на новата учебна година во ООУ ,,Браќа Миладиновци” во Миладиновци интензивно се работи на подготовка на училиштето, во делот на инфраструктурата, како и осовременување и унапредување на квалитетот на воспитно-образовниот процес. За таа цел градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски го посети ова училиште и со директорката Марија Зоксимовска истакнаа дека училиштето целосно е подготвено за стартот на новата учебна година.
Во текот на изминатиот период во насока на подобрување на условите и поголема безбедност, во централното училиште во Миладиновци изградена е метална ограда во должина од 120 метри и висина од 1,5 метри. Во централното училиште извршено е комплетно бојадисување на училниците, канцелариите и ходникот, а во подрачните училишта монтирани се 6 нови врати. Со цел зачувување на здравјето на учениците, вработените и околината, во подрачното училиште во Текија извршена е реконструкција на кровот, стариот кров е заменет со нов енергетско-ефикасен покрив на училиштето. Во подрачното училиште во Мршевци стариот и дотраен котел на пелети за парно греење, заменет е со нов котел со поголема моќност, при што се решава долгогодишниот проблем за затоплување на училиштето во земските месеци од годината.
Со цел подобра реализација на наставно-образовните програми во централното училиште се поставени 7 инерактивни табли и 1 смарт телевизот, додека во подрачните по едена интерактивна табла и еден смарт телевизор. Набавени и поставени се 40 статични компјутери во централното училиште за реализација на наставата по информатика.
Интензивни подготовки за стартот на новата 2022/2023 учебна година се одвиваат и во останатите условни училишта во општина Илинден.
Извор: Општина Илинден