spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Основното училиште во гостиварско Чегране е реновирано а сега добива и...

МОН: Основното училиште во гостиварско Чегране е реновирано а сега добива и енергетски ефикасна фасада

Министерството за образование и наука инвестира во образовниот систем преку подобрување на условите каде се одржува наставата, обуки на наставниот кадар и квалитетни наставни програми. Добрата образовна инфраструктура директно влијае врз мотивацијата како на наставниците така и на учениците и овозможува постигнување подобри резултати.

Во ООУ Перпарими во с. Чегране, општина Гостивар, извршено е реновирање што опфаќа промена на прозорците, подовите, санитариите и кровот, во што се вложени вкупно 27, 7 милиони денари.  Во моментот се изведува термоизолациона фасада, за што се планирани околу 19 милиони. Со тоа, објектот ќе биде целосно енергетски ефикасен.

Буџетот на Министерството за образование и наука е насочен кон развојни политики за градење образовен систем што им овозможува на учениците да прераснат во млади луѓе со знаење и критичко размислување, достигнувајќи го својот полн потенцијал.

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

Велес: Градежни зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“

0
Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а...