spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: Градоначалникот Герасимовски го потпиша зголемувањето на платите во општината

Центар: Градоначалникот Герасимовски го потпиша зголемувањето на платите во општината

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски и претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски, го потпишаа анексот на Колективниот договор, со кој на вработените службеници во Општина Центар им се зголемуваат платите за 2.806 денари.

„Со ова покачување сакаме дополнително да ги мотивираме вработените, особено во ова време кога се наоѓаме во светска економска криза, која секако не ја одминува ни нашата општина. По преговорите со синдикатот во општината, обезбедивме средства и веќе од следниот месец вработените ќе земаат поголема плата, што ќе им донесе поголема финансиска сигурност на нашите во време кога цените на сите производи од ден во ден растат“, изјави градоначалникот Герасимовски.

Анексот на Колективниот договор предвидува линеарно зголемување на платата на сите вработени во општинската администрација, освен на лицата чии плати беа претходно зголемени со самото донесување на Законот за минимална плата.

 

 

 

Извор: Општина Центар 

Прочитајте

Кисела Вода: Домаќин на престижниот предизвик на FIRST LEGO League

0
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчера го отвори интернационалниот настан FIRST LEGO League Challenge, еден од најпрестижните STEM натпревари во светот, поддржан од УНЕСКО, кој престојува...